Словенечкиот стручњак Урош Брегар до крајот на сезоната ќе биде дел од стручниот штаб на гигантот Ѓер.
Унгарскиот тим пред месец дена го доведе на кормилото шведскиот стратег Пер Јохансон, а сега Брегар ќе му биде асистент.
Двајцата имаат договори до крајот на сезоната и многу веројатно продолжувањето на соработката ќе зависи од тоа дали ќе бидат освоени трофеи.
Ѓер има две победи помалку од Ференцварош, кој има максимален биланс во унгарскиот шампионат, па тешко дека ќе освои титула, а го загуби и трофејот во Купот од истиот ривал.
Во Лигата на шампионите во четвртфиналето, Ѓер ќе има тежок испит и ќе игра против актуелниот европски првак Кристијансанд.
Брегар претходно работеше во Крим, Вац, Шиофок, Вардар…