Некогаш големиот француски талент доаѓа во ПИК Сегед

Некогаш големиот талент на францускиот ракомет, Ромен Лаград, би можел одново да стане интернационалец.

Членот на Екс Ан Прованс, најверојатно на лето ќе се пресели во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, пишува „Handball Basse“.

Тој би бил замена за Ричард Бодо, кој се споменува како ново засилување за Ференцварош, па Лагард би формирал тандем со Мачковшек.

Лагард до 2019 година играше за Нант, потоа мина две сезони во бундеслигашот Рајн Некар Левен, но се покажа во најдобро светло.

Сега е во обид да ја рестартира кариерата и со успех настапува за Екс Ан Прованс.