Некогаш го водеше женскиот Вардар, сега ќе работи во машкиот ракомет

Некогашниот тренер на ЖРК Вардар, Ким Расмусен, повторно ќе има нов предизвик во својата кариера.

Данецот, кој на почетокот на месец септември доби отказ во Рапид Букурешт, одлучи да се проба во машкиот клупски ракомет.

Искусниот стратег во продолжението од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе биде тренер на полскиот суперлигаш Островија.

Новиот клуб на Расмусен по 17 одиграни кола во најсилното натпреварување во Полска се наоѓа на 8. позиција на табелата.

Главната цел на Расмусен ќе биде Островија да остане меѓу најдобрите осум клубови и да избори пласман во плеј-оф фазата.

Расмусен во својата кариера беше предводник и на Глорија Бистрица, Љубин, ЧСМ Букурешт…Со екипата на ЧСМ Букурешт во сезона 2015/16 го освои трофејот во Лигата на шампионите кај дамите.