Неготинци со убедлив триумф против Бисинов

Ракометарите на Вардар Неготино го совладаа прволигашот Бисинов со убедливи 38-26 во пријателски натпревар.

На дуелот одигран во Неготино, избраниците на Игор Котевски уште по првиот дел ја најавија победата кога беше 19-11.

Котевски за овој дуел сметаше на новите засилувања – Трајанов, Грујовски, Митиќ, Ацев и Бугариновиќ, но не настапија поради повреди Ѓорѓев, Орешков, Јовановски и Пеовски.

Неготинци ќе се борат за опстанок во елитата, а во плеј-аутот ќе стартуваат без бодови, додека Бисинов од Велес кој немаше пораз во регуларниот дел од Првата лига се бори за место во Супер лигата.