Недановски: Годинава ќе бидеме повнимателни – амбициите се титула

Најтрофејниот машки македонски ракометен клуб Вардар во последните четири месеци од сезоната влегува со амбиции, да не ја повтори ланската грешка, и по една година повторно да ја врати титулата во Скопје. Тргнува во плејфот со три бода, еден повеќе првиот конкурент со кој треба да игра утре, Еурофарм Пелистер.

„Црвено-црните“ имаат зад себе 15 титули и 16 Куп трофеи, а по првиот дел од сезоната завршија први во групата, поради подобрата меѓусебна гол разлика на дуелите со Еурофарм Пелистер.

Ждрепката сакаше повторно и во разигрувањето за титулата Вардар пак на самиот почеток да игра со битолчани. Во меѓувреме екипата се подготвуваше во Скопје, одигра четириконтролни средби. Се засилија со двајца интернационалци, Тунужанецот Мохамед Тарик Бакар и Србинот Немања Гојковиќ, и голманот Марко Богдановски. Единствено пивотменот Стефан Атанасовски замина од клубот, сега на полусезона.

„Добро ги завршивме подготовките за овој решавачки дел од сезоната. Единствен хендикеп ни е повредата на Јасухира, а сите други играчи се во тренажен процес и се подготвуваме за следните натпревари. Одигравме четири натпревари, и сметам дека за овој период беа доволни. Амбициите што Вардар ги има се истите амбиции и пред почетокот на сезоната. Завршивме први по првиот дел, така и сега имаме план да се избориме за првото место, вели Валдо Недановски, тренерот на Вардар.

Сезонава плејофот веројатно ќе биде еден од најинтерсните после подолг период. Треба да се играат уште 14 кола, а само Вардар и вицешампионот од Автокоманда, тргнуваат со максимални три бода. Сите други имаат, еден, два или три бода помалку.

„Се работи за плејоф, секако ќе биде тешко. Имаме ростер за да го издржиме темпото што ќе биде. Последниот дел е секогаш најтежок. Сите екипи имаат високи амбиции, се засилија, и затоа сметаме дека ќе биде тешко. Росерот сега е затворен, и со овој тим ќе играме до крај на сезоната, вели Недановски.

Според Недановски, три екипи се јасни конкуренти за титулата. Покрај Вардар во плејофот за титулата ќе разигруваат и Еурофарм Пелистер, Бутел, Пролет, Струга, Алкалоид, Охрид и Тиквеш.

„Кандидатите за титула се Вардар, Алкалоид, и Еурофарм Пелистер. Ќе решава секој меч, секој натпревар ќе биде тежок. Лани мислевме дека сме на чекор до титулата, но направивм екикс. Сега сме подготвени тоа да го смениме, вели Недановски.

Утре скопјани гостуваат во Битола, во 18 часот кога ќе се одигра првото дерби.