После долги години Вардар за првпат заврши сезона во која не освои ниту еден пехар, ниту во првнството, ниту во Купот. Сега „црвено-црните“ влегуваат во сезоната како еден од главните фаворити. Во меѓувреме се засилија со повеќе ракометари, триумфираа на турнирот во Охрид, беа финалисти во Струга, па имаат позитивни мисли дека го имаат тимот што треба да ги врати на врвот.
Тренерот Владо Недановски во интревјуто за клупската интернет страница ја најави сезоната и каже дека „сега се освен освоена титула ќе биде неуспех за овој Вардар“
Сега почнува новата сезона каде секој меч ќе биде важен. Лигата е скратена на 12 екипи, ќе се игра еднокружно во првиот дел, а потоа првите шест ќе продолжат во плејофот да се борат за титулата.
„Спремен е Вардар за новата сезона, Направивме добри подготовки, одигравме неколку контролни средби, настапивме на два турнири. Целите остануваат исти, без разлика дали Вардар има или нема играчи, и какви се тие, целите се секогаш тие. И претходните две сезони бевме доста блиски до титулите, а ги загубивме заради тој недостаток на ротација. Сега не можеме да кажеме дека немаме играчи. Имаме над 20 играчи кои се идентични по квалитет и можат да покријат добро и во напад и во одбрана. И сега сè освен освоена титула ќе биде неуспех за овој Вардар, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.
За Недановски најважно ќе биде домашното првенство, но задоволен е што во Лига Европа ќе имаат силни натпревари, против Порто, Мелсунген и Валур.
Во текот на летото дојдоа повеќе играчи, а последниот во низата е Вуко Борозан. Со него се заокружува ростерот што ќе го има на располагање Недановски.
„Добивме големо име, и порано играл кај нас. Мислам дека имаме доволен број на играчи, Ростерот засега е затворен. Имаме и повеќе млади играчи кои ќе треба да добијат шанса, и Стојановски и Стаменковиќ. Тие сигурно ќе играат на некои мечеви. Гогов е веќе втор голман, и сериозно се бори за местото и во почетниот состав. Останува на сите нас да работиме напорно, смета Недановски.