Не успеаја да извадат визи за Унгарија и нема да играат квалификации за ОИ!

Селекцијата на Камерун нема да биде дел од квалификацискиот турнир за Олимписките игри што ќе се игра во Унгарија од утре до недела.

Африканската селекција го информирала ИХФ дека навреме не ја комплетирала документацијата за визи за Унгарија и покрај сите напори од локалната федерација, тамошните власти и сите инволвирани амбасади.

Затоа ИХФ местото на Камерун го понуди на друга африканска селекција според пропозициите, но поради краткото време за собир и организација на патувањето ниту една не го прифати.

Поради тоа, местото се доделува како вајлд-карта, па ИХФ реши да го додели на Велика Британија, која веднаш прифати учество, иако според конкуренцијата со Унгарија, Јапонија и Шведска е голем аутсајдер.