Белорускиот репрезентативен Артем Каралек неодамна потпиша нов договор со полскиот Келце до 2028 година.
Иако многупати беше поврзуван со трансфер во каталонскиот гигант Барселона, тој дури черити пати ги има одбиено нивните понуди.
Во интервју за „ТВП Спорт“, Каралек откри дека тоа се случи првпат додека бил член на францускиот Сен Рафаел, а следните три пати додека е дел од Келце.
„Имаше разговори, но ништо никогаш не беше прецизирано. Можеби за многу играчи, сонот е да заиграат за Барселона, но не и за мене, иако многу ја почитувам историјата на клубот. Првиот обид беше додека бев во Сен Рафаел, потоа имав понуди по една сезона мината во Келце, па во 2021 и последната минатата сезона“, вели Каралек.
Последниот обид за трансфер беше пред минатата сезона, но пивотот одлучи да остане во Келце, а Барса ја смени политиката поради финансиските проблеми и ангажираше млади ракометари.
Претходниот негов договор беше валиден до 2025, а двете страни продолжија на уште три сезони и Каралек ќе остане во Келце до 2028 година.