Не може елитата без најдобрите – Николов и Начевски првпат сезонава ќе судат во ЛШ

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за првпат во оваа сезона ќе судат натпревар од Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација ги делегира двајцата Македонци на натпреварот меѓу словенечкиот Целје и францускиот Монпелје.

Овој натпревар ќе се одигра во „Златорог Арена“ во Целје на 11 откомври со почеток во 20:45 часот.

Николов и Начевски немаа делегирања во првите три кола од елитното натпреварувања, но и во европската куќа на ракометот им е јасно дека не можат без најдобрите арбитри.