„Назад во канцеларија“ – екс вардарката Песоа му се враќа на ракометот!

Поранешната репрезентативка на Бразил и членка на Вардар, Маиса Песоа, по кратка пауза ќе му се врати на ракометот.

Песоа тренира со данскиот Хорсенс и најверојатно ќе поптише договор со овој тим. Таа беше без клуб по заминувањето од романската Дунареа Браила.

„Се вратив назад во канцеларија“, напиша Песоа на фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.

Песоа имаше кратка епизода во Вардар, а потоа го бранеше голот на Ростов Дон четири сезони и на Дунареа Браила.

Претходно настапуваше за Иси Париз, Динамо Волгоград и ЧСМ Букурешт, со кој освои титула во Лигата на шампионите.