На 15 октомври ќе се одиграат натпреварите од второто коло од Лигата на Европа, а еден од нив ќе заврши после полноќ!
Дуелот меѓу исландскиот Хафнарфјордур и Гумерсбах ќе стартува во необичен термин од 22:30 часот по локално време (20:30 по централно европско време) и ќе трае најмалку до полноќ. Тука ЕХФ направи исклучок за 15 минути поран старт од вообичаено.
Таквото решение го донесе Европската ракометна федерација, а тоа наиде на многу реакции, иако термините за Лигата на Европа според пропозициите се 18:45 и 20:45 часот по централно европско време.
Натпреварите во земји како Романија, Португалија, Исланд…кои нe се во иста часовна зона со најголемиот број земји од европскиот континент, може да бидат закажани по локално време, но притоа саатницата мора да биде 18:45 и 20:45 по централно европско време.
Тој ден ќе мора да бидат одиграни два европски натпревари во Рејкјавик, а мора да бидат одиграни во истата сала, па покрај Хафнарфјодур, претходно од 20:15 часот по локално време (18:15 часот по централно европско), Валур ќе го пречека Порто, па тука ЕХФ направи исклучок од половина час наназад од регуларниот термин.
Во сите други пет кола, Валур и Хафнарфјордур се во различно коло домаќини, па нема да има поклопување за да мора да се играат до полноќ во Рејкјавик и ќе се играат во 20:45 часот по локално време (18:45 по централно европско време).