Најтрофејниот шведски клуб тоне – за две години од Прва до Трета лига!

Рекордерот по бројот на титула во Шведска, тимот на Редбергслидс, за две сезони од Првата испадна во Третата лига!

Редбергслидс кој има 20 титули во Шведска, и беше дел од сите сезони во елитата од 1983, лани за првпат испадна во Втората лига.

Оваа сезона Редергслидс не успеа да одигра добро и ја заврши сезоната на 13 место во второлигашката конкуренција, но испадна само поради еден гол!

ИФК Иштад, Редбергслидс и Линдесберг се пласираа од 12 до 14 место со по 19 бодови, но во кругот од три тима, ИФК Иштад и Редбергслидс имаа иста гол разлика (-47).

Тимот на ИФК Иштад се спаси за влакно, а Редбергслидс испадна од лигата поради помалку постигнати погодоци, 695 во однос на 746 на ИФК Иштад.