Најдобрите одат на ЕП – Начевски и Николов ќе судат во Германија!

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, седми пат по ред ќе биде дел од Европско првенство.

Европската ракометна федерација ги објави имињата на арбитрите за континенталниот собир, а меѓу нив се најдоа и Начевски и Николов.

Покрај имињата на македонските арбитри, на листата на ЕХФ се најдоа уште 17 двојки од Европа.

Maшката репрезентација исто така ќе биде дел од ЕП во Германија и ќе биде во група со домаќинот, Франција и Швајцарија.