Норвешката репрезентација и клубот Есбјерг решија да ѝ дадат мал одмор на најдобрата ракометарка во светот, Хени Реистад.
Норвешката ѕвезда, која од декември 2023 година ја водеше репрезентацијата до три финалиња на големите натпреварувања, има одлични настапи и во данскиот шампионат и во Лигата на шампионите.
Реистад беше клучна за освоеното сребро на Светското првенство, а потоа и за златото на Олимписките игри и Европското првенство.
Во една година, таа постигна повеќе од многумина во текот на целата кариера, но големиот успех бара напорна работа која има своја цена.
Поради тоа Реистад доби пауза, па така норвешката репрезентација не ја вклучи во последниот турнир од Златната лига, додека нејзиниот клуб, Есбјерг, исто така и даде мал одмор.