Најдобрата светска ракометарка во овој момент, Хени Реистад, нема да ја промени средината и ќе остане во Данска.
Норвешката репрезентативка потпиша нов договор со данскиот Есбјерг и ќе остане во овој клуб најмалку до 2027 година.
Таа имаше договор до следното лето со Есбјерг, но раководството побрза да го обезбеди потписот на Реистад и за наредните две сезони.
Реистад на осум меча во Лигата на шампионите досега постигна 76 гола во дресот на Есбјерг и сигурно оди кон нова титула за најдобар стрелец во елитната конкуренција.