НАЈ НАЈ НАЈ…МОМЕНТ: Последниот заеднички меч на Кире, Борко, Столе, Диви, Жути…

На 3 јануари, 2023 година, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одигра ревијален натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци на Македонија.

Овој настан се организираше пред настапот на „црвено-жолтите“ на Светското првенство во Полска и Шведска.

Актуелните македонски репрезентативци славеа против поранешните со 25-21 во ревијалниот натпревар на кој 22 великани официјално беа испратени во пензија.

Ревијалниот натпревар беше ракометен празник за публиката и убав начин да им се оддаде почит на голем дел од ракометарите кои оставија свој белег во македонската репрезентација во изминатите 10-15 години.

Митко Стоилов, Столе Стоилов, Горан Кузманоски, Бранко Ангеловски, Стевче Алушовски, Влатко Митков, Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Златко Мојсоски, Борко Ристовски, Александар Јовиќ, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Златко Даскалоски, Гоце Макалоски, Горан Ѓоргоноски, Раде Стојановиќ, Кире Лазаров, Владо Недановски…добија признанија за досега даденото за Македонија.

Правдата на ревијалниот натпревар ја делеа Марјан и Драган Начевскки, како и Лела Јашар и Михаела Капсарева, а делегати беа Марјан Огњановски и Гордана Нацева.

Атракции, шрауби, цепелини – спектаклот го доби „новата“ Македонија

РФМ им се заблагодари – 22 врамени дреса за 22 македонски легенди (ВИДЕО)

 

Како изгледаат ветераните – сите фит и спремни за борба (ВИДЕО)