Како изгледаат ветераните – сите фит и спремни за борба (ВИДЕО)

За неполн половина час ќе започне натпреварот на деценијата, на кој репрезентативците кои веќе не се активни на терените ќе се соочат со актуелните репрезентативци на Македонија.

Ветераните повеќе денови се подготвуваа за овој натпревар, им се вратија на тренинзите и се фит и спремни за борба со избраниците на Кире Лазаров.

СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет до последното место и ќе ги поздрави сите некогашни, сегашни и идни ѕвезди на машкиот македонски ракомет.