Атракции, шрауби, цепелини – спектаклот го доби „новата“ Македонија

Актуелните македонски репрезентативци славеа против поранешните со 25-21 во ревијалниот натпревар на кој 22 великани официјално беа испратени во пензија.

Навивачите во СЦ „Борис Трајковски“ уживаа во ракометните мајстории на сите македонски ракометари.

Првиот дел заврши без победник, 12-12, иако ветераните во неколку наврати има предност.

Овој дуел изобилуваше со цепелини, кои со години се заштитен знак за нашата репрезентација на големите натпреварувања.

Ветераните водеа со 18-15, но попуштија во финишот и на крајот актуелните репрезентативци направија пресврт за конечен триумф.