Начевски и Николовски ќе бидат делегати на двомечот меѓу Србија и Црна Гора

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП 2024 во женска конкуренција.

Македонските судии нема да бидат активни, но ќе има задача за двајца делегати од нашата држава.

Марјан Начевски ќе биде делегат на средбата меѓу Србија и Црна Гора што ќе се игра на 29 февруари од 18:00 часот во Зрењанин.

Ацо Николовски ќе биде делегат на реванш натпреварот меѓу истите две селекции што ќе се игра на 3 март од 18:00 часот во Подгорица.