Начевски и Николов со нова задача на ЕП, ќе го судат дерби дуелот во групата Е

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за утрешните натпревари на Европското првенство во Германија.

Најдобрата македонска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во текот на утрешниот ден ќе ја имаат втората задача на континенталниот собир.

Начевски и Николов ќе ја делат правдата на дерби дуелот од групата Е меѓу репрезентациите на Шведска и Холандија.

Овој натпревар ќе биде одигран во рамки од последното коло од групната фаза, а ќе започне со почеток од 20:30 часот.

Двете репрезентации имаат по четири бода и победникот од овој дуел ќе го освои првото место во споменатата група.