Начевски и Николов ќе го судат еден од најинтересните двобои во ЛШ

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за 9 рунда од Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Најдобрата судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, доби нова задача во најелитното европско клупско натпреварување.

Македонските арбитри ќе го судат натпреварот во „Арена“ меѓу хрватскиот Загреб и унгарскиот ПИК Сегед.

На претходното соочување на двете екипи во Унгарија, ПИК Сегед едвај го победи Загреб со гол разлика во финишот, па сигурно дека и реваншот се очекува да донесе возбудувања.

Овој натпревар е на програмата на 29 ноември со почеток во 18:45 часот, а делегат ќе биде Томо Водопивец од Словенија.