„На домашен терен можеме секого да победиме“

Еден од ракометните легенди на Германија, Хајнер Бранд, кој ја водеше германската репрезентација од 1997 до 2011 година и ја предводеше до победа на Светското првенство во 2007 година, ги истакна своите очекувања за настапот на „панцирите“ на континенталниот собир.

Бранд верува дека денешниот подмладената Германија има капацитет за да стигне до полуфиналето на Европското првенство.

,,Би било важно на Европското првенство да се освои медал.Таквиот резултат ќе даде поттик за развој на ракометот во земјата, како што се случи со хокејот и кошарката. Германската репрезентација не е меѓу фаворитите и покрај тоа што првенството се одржува на наш терен. Во последно време пред нас се неколку репрезентации. Но, не постои неприкосновен лидер. Во еден добар ден, можеме да победиме секого, особено со поддршка од публиката. Ќе се навратам во 2007 година, кога во Германија се одржа Светското првенство, доживеавме психолошки притисок. Имавме проблеми на мечот со Бразил, па загубивме од Полска. Почетокот беше трнлив, но потоа среќата ни се насмевна”, изјави Бранд за порталот „handball-world“.

Германија е еден од ривалите на македонската репрезентација во рамки од групната фаза.

Освен со Македонија, домашната селекција ќе игра и со репрезентациите на Франција и Швајцарија