МВП НА 9. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – БОЈАН БЛАЖЕСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Членот на Бутел Скопје, Бојан Блажески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9. коло од Супер лигата.

Блажески повторно имаше забележителна партија во Супер лигата и беше меѓу најзаслужните за победата на неговиот тим во Велес.

Голманот освои околу 49% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Мартин Серафимов со околу 24%.

Номинирани за МВП на 9. коло од Супер лигата беа уште Гал Цирар, Емилијан Ѓорговски, Младен Крсманиќ, Цветан Кузманоски и Томислав Квастек.