Средниот бек на Куманово, Омар Мамду Радван, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Египетскиот интернационалец беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Радовиш на домашен терен.
Тој освои 50% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Никола Шипинкоски кој освои 23% од гласовите.
Номинирани за МВП на 9. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Богдан Радивојевиќ, Христијан Митревски, Улфи Тордарсон, Никола Митревски и Кристијан Анастасовски.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























