Средниот бек на Радовиш, Петар Цветковски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8 коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Младиот организатор на играта беше меѓу најдобрите поединци во триумфот на неговиот тим против Струга, што практично значеше опстанок во елитата.
Цветковски, кој имаше конкурент во Давид Брестовац од Еурофарм Пелистер, освои 36% од гласовите на анкетата, додека пелистерецот имаше 31% од гласовите.
Номинирани за МВП на осмото коло од плеј-оф/аут фазата беа уште Томислав Квастек, Ани Обина, Дејан Манасков, Вуко Борозан и Денис Шабановиќ.