Ракометарот на Вардар, Косуке Јасухира, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Средниот бек од Јапонија одигра одлично во дербито против шампионот Еурофарм Пелистер и беше меѓу најзаслужните за триумфот.
Јасухира немаше голема конкуренција на гласањето, освои 44% од гласовите на читателите на 24Ракомет, а втор беше Наум Костов од Куманово со 20%.
Номинирани за МВП на 8. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Мирко Мајиќ, Даниел Ѓорѓески, Никола Јукиќ, Томислав Квастек и Христијан Милошески.