МВП НА 7. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – НЕНАД КОСТОСКИ (СТРУГА)

Членот на Струга, Ненад Костоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7. коло од Супер лигата.

Стружанецот одигра на посакуваното ниво против Радовиш и со седум погодоци беше еден од најзаслужните за освоените два бода.

Левото крило освои 44% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот на Бутел Скопје, Александар Стојаноски, кој освои 16%.

Номинирани за МВП на 7. коло од Супер лигата беа уште Филип Николов, Мице Шилегов, Филип Кузмановски, Ларс Коиј и Марко Митев.