МВП НА 6 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДАВИД ДАЕВ (ГОЛДЕН АРТ)

Кружниот напаѓач на Голден Арт, Давид Даев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6 коло од Супер лигата.

Даев заедно со левиот бек Ончев, беа меѓу најдобрите ракометари во составот на Голден Арт на мечот со Прилеп.

На тешкото гостување кај засилените прилепчани, Голден Арт успеа да извлече реми и да освои важен бод.

Пивотот освои околу 50% од гласовите, а имаше голема трка со средниот бек на Прилеп, Владан Кастратовиќ, кој имаше околу 32% од гласовите.

Во трка за МВП на 6. коло беа уште Дејан Рикановиќ, Филип Николов, Никола Стоилевски, Мирко Мајиќ и Матија Николиќ.