МВП НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – АЛЕКСАНДАР СИМОНОВСКИ (ПРОЛЕТ)

Кружниот напаѓач на Пролет, Александар Симоновски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Младинскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Еурофарм Пелистер 2.

Тој освои дури 86% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Јака Малус од Вардар кој освои 7% од гласовите.

Номинирани за МВП на 5. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Анжеј Видомски, Денис Шабановиќ, Тоше Ончев, Петар Атанасијевиќ и Бојан Блажески.