МВП НА 4 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – МЕРИС БОШЊАК (СТРУГА)

Десниот бек на Струга, Мерис Бошњак, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 4 коло од Супер лигата.

Десниот бек од Црна Гора со десет погодоци беше меѓу предводниците на Струга во победата против составот на Скопје.

Ова беше натпревар во кој стружани стигнаа до трите бода со убедлива игра, особено во второто полувреме.

Десниот бек освои околу 39% од гласовите, а имаше голема трка со голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески, кој имаше околу 24% од гласовите.

Во трка за МВП на 4. коло беа уште Филип Арсеновски, Евгениј Темелкоски, Петар Атанасијевиќ, Матија Николиќ и Теимураз Орјонокидзе.