Кружниот напаѓач на Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 22. коло од Супер машката лига.
Михајловиќ беше меѓу најзаслужните за триумфот на домашниот натпревар против Тиквеш, кој беше клучен за пласманот во плеј-оф.
Тој освои дури 52% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Дамјан Субашевски, кој освои 45% од гласовите.
Номинирани за МВП на 22. коло од Супер машката лига беа уште и Урош Митровиќ, Христијан Митревски, Богдан Радивојевиќ, Јака Малус и Бојан Блажески.


























