МВП НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – АЛЕКСАНДАР ТРЕНЧЕВСКИ (ПРИЛЕП)

Членот на Прилеп, Александар Тренчевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на второто коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Кружниот напаѓач на прилепчани одигра одлично на важниот дуел против Пролет и беше меѓу најзаслужните за остварениот триумф.

Тренчевски освои околу 38% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер со 20%.

Номинирани за МВП на второто коло од плеј-оф/аут беа уште Марио Миланов, Лазар Ристиќ, Марко Кизиќ, Марко Срдановиќ и Богдан Радивојевиќ.