Членот на Алкалоид, Иван Галевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 16. коло од Супер лигата.
Младиот голман имаше одлично издание на дуелот против Тиквеш и беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф од десет гола разлика.
Галевски освои околу 48% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше кружниот напаѓач од Охрид, Иван Тасески, кој освои 42%.
Номинирани за МВП на 16. коло од Супер лигата беа уште Давид Трајкоски, Ненад Костески, Давид Димевски, Матија Николиќ и Никола Јукиќ.