Му беше идол своевремено, сега играат заедно во репрезентацијата (ФОТО)

Машката репрезентација на хрватска во Пореч ги започна подготовките за Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Германија.

Селекторот на Хрватска, Горан Перковац, на голманската позиција за првата фаза од подготвителниот период ги има на располагање Доминик Кузмановиќ, Филип Ивиќ, Кристијан Пилиповиќ, Морено Цар и Дино Славиќ.

Голманот на Нексе, Доминик Кузмановиќ, кој во ланската сезона имаше одлични партии за хрватскиот вицепрвак ужива за време на подготовките, бидејќи во таборот на „коцкестите“ е со својот идол од детството – Филип Ивиќ.

Кузмановиќ уште од неговиот почеток на кариерата ги следел настапите на Филип Ивиќ и посакува еден ден да ги има неговите успеси.