„Можеме да му платиме 100.000 евра на селекторот, но тој не може да направи ништо преку ноќ“

Новиот селектор на Србија, Борис Ројевиќ, кој во минатата сезона со Војводина го освои трофејот во Европскиот Куп, своето деби ќе го има на бараж двомечот против шпанската репрезентација.

Српскиот селектор пред извесен период беше гостин на листата на порталот „Спортски журнал“ и на прашањето што прави хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон за да зема плата од 30.000 евра, одговори дека парите не се важни, туку квалитетот.

,,Без квалитет нема систем и нема добар резултат. Затоа, мораме да создаваме. Можеме да му платиме на селекторот 100.000 евра, но тој не може да направи ништо преку ноќ. Секој процес бара одредено време и работа”, изјави Ројевиќ.

Репрезентацијата на Србија доколку го добие бараж двомечот против Шпанија, тогаш ќе обезбеди пласман на Мундијалот следната година.

Шпанија, исто како и Србија, не ја помина групната фаза на Европското првенство во јануари, но во дуелот со „орлите“ е голем фаворит.