🎥 Може ли Вардар да победи се до крај? Одговорот го има Георгиевски!

Вардар продолжува победнички, и со 30-27 славеше во дербито против соседот од Автокоманда. Сега „црвено-црните“ имаат 10 бода предност во однос на Охрид и Еурофарм Пелистер, но двата тима имаат и меч помалку.

На скопскиот му треба само уште еден бод во следните четири кола за и математички да ја осигура титулата. Треба да игра уште со Еурофарм Пелистер, Охрид, Тиквеш и Бутел.

Може ли Вардар до крај на сезоната да биде без пораз, да одигра максимално? Гоце Георгиевски, десното крило на „црвено-црните“ најави:

„Ќе се обидеме до крај на сезоната да одиграме без пораз. Секој професионален тим така размислува, а ние сме тоа. Тоа ќе го покажеме на следните мечеви дека сме максимално фокусирани, вели Георгиевски. Сега на Вардар му треба само еден бод од следните четири натпревари, за да стигне до двојната титула, вели Георгиевски.

Во следното коло Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер во домашното првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)