По малата криза, францускиот Монпелје се враќа во победнички ритам пред реванш средбата од четвртфиналето на Лигата на Европа против Вардар.
Избраниците на Ерик Мате триумфираа убедливо против „црвено-црните“ со 33-23 во првиот меч од ТОП 8, а пред гостувањето во Скопје одработија и рутинско гостување кај Дижон со победа од десет гола разлика, 38-28.
Одново без Балагер, Пелас и Турин, Монпелје уште по првиот дел го најави победникот кога водеше со 17-13.
Најдобри стрелци беа Вијмино со осум и Дос Сантос со седум гола, а меѓу стативите блескаше Болзанже со 16 одбрани.
Следен предизвик за Монпелје ќе биде гостувањето кај Вардар во Скопје на 5 мај од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

























