Како што пишуваат француските медиуми, тимот на Монпелје веќе го има пикирано наследникот на Патрис Канаје.
Легендарниот тренер заминува од Монпелје по 30 години, а на негово место би требало да дојде Ерик Мате.
52-годишниот Мате во овој момент е тренер на Шамбери, со кој има договор до 2027 година, па тоа би можело да биде евентуален проблем за трансферот ако клубовите не се договорат околу оштетата, која наводно изнесува 100.000 евра.
Канаје е на клупата на Монпелје од 1994 година, а освои досега 42 трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите.
Мате веќе работеше во Монпелје, како помошник на Канаје до 2015 до 2018 година, а потоа замина во Шамбери каде го замени поранешниот македонски селектор Ивица Обрван.