Момир Илиќ го одби РСС – не го сака жешкото селекторско столче во Србија

Актуелниот тренер на Веспрем, Момир Илиќ, ја одби понудата на Ракометниот Сојуз на Србија за селекторската позиција.

Според пишувањата на „Журнал“, по Љубомир Врањеш, втор кој не сака да ја преземе репрезентацијата е Илиќ.

Тој имал состанок со претседателката на РСС, Милена Делиќ, побарал неколку дена да размисли, но решил дека таков предизвик во моментов не му треба.

Србија ја чека тежок предизвик во бараж квалификациите за СП 2025 година и ќе се соочи со Шпанија, а РСС е во потрага на наследник на Тони Херона.

Илиќ ќе се посвети само на Веспрем, со кој брка директно место во четвртфиналето во Лигата на шампионите.