Мојсов прозиваше, целта на Прилеп е опстанок во елитата

Ракометарите на Прилеп денеска ја имаа првата прозивка од страна на главниот тренер Божидар Мојсов за вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24.

Моментално, ново име во редовите на Прилеп е довчерашниот ракометар на Тиквеш, Ангелче Органџиев.

Со Прилеп тренира и ракометарот од Бразил, Ерик Андраде, кој ќе биде на пробен период до крајот на месецот.

Мојсов за плеј-аут фазата ќе може да смета на сите играчи кои ги имаше на располагање во првиот дел од сезоната.

Прилеп во текот на подготвителната фаза ќе одигра неколку пријателски натпревари со Добочица од Лесковац и Тиквеш.