Машката сениорска репрезентација на Македонија има нерешен резултат на полувреме против Естонија, 20:20, во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2026. Иако Македонија добро отвори, сепак, Естонија не се предаваше и во последниот дел од првото полувреме се врати во игра.
Македонија одлично го отвори натпреварот, со головите на Павле Атанасијевиќ и Филип Кузманоски поведе со 2:0 во воведните две минути. Естонија парираше колку што можеше, а избраниците на Кире Лазаров во првите петнаесетина минути наметнаа свое темпо и водеа со три-четири разлика.
Откако Македонија поведе со 9:6, селекторот на гостите мораше да повика тајм-аут, со цел неговите избраници да заиграат поангажирано. Гостинската репрезентација главно преку Том Карл доаѓаше до реализација, па така во 15 минута дојде до минус два, 13:11. За 20 минута беа постигнато вкупно 28 погодоци, a Естонија во 22 минута се доближи на минус еден, 17:16.
Во последните осум минути резултатската „нишалка“ беше 1-2 разлика за Македонија. Репрезентацијата на Естонија во 25 минута имаше напад за реми, гостите погрешија во акцијата, но на три минути пред крајот на првиот дел дојдоа до посакувана цел израмнувајќи на 19:19. По 30 минути игра резултатот беше нерешен, 20:20.