Екипата на Младост Богданци во натпревар од 11. коло од прволигашкиот плеј-оф освои важна победа на гостувањето кај Јехона триумфирајќи со 31:22.
Младост Богданци со освоените три бодови дојде до 24 на свое конто и остана во игра за 2. позиција, која носи суперлигашки бараж.
По израмнетото прво полувреме, кое заврши нерешено, 11:11, во вториот дел гостите ја подобрија одбраната и реализацијата, па така дојдоа до посакуваната победа.
Најефикасни во победничката екипа со по шест погодоци беа Илија Чрчев и Душан Каркалашев, по пет постигнаа Никола Роглев и Ѓорѓе Атанасов.
Во поразениот табор прво име беше искусниот Адис Салиу со седум погодоци, а го следеше Бојан Давидовски со четири реализации.
Табела: Бисинов 36, Радовиш 26, Младост 24, Металург РА 20, Драчево 17, Јехона 14, Македонија ЃП 6, Шампион 0