Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не дозволи да има никакво изненадување и во натпревар од 12. коло од прволигашкиот плеј-оф триумфираше над Шампион.

Домаќините со подобрата игра во вторите 30 минути обезбедија победа, која што беше изразена со седум гола разлика, 29:22.

Скопскиот тим даде силен отпор во првиот дел, иако не започна според посакуваното, сепак, на пауза имаше само гол негатива, 10:9.

Младост заигра поангажирано во второто полувреме, ја подобри играта во одбраната и освои важна победа во битката за суперлигашки бараж.

До крајот од прволигашкиот плеј-оф треба да се одиграат уште две кола, а Младост за последни два ривали ги има екипите на Бисинов и Македонија ЃП.

Табела: Бисинов 36, Радовиш 29, Младост 27, Металург РА 20, Драчево 20, Јехона 14, Македонија ЃП 6, Шампион 0