Младост Богданци ќе добие поголема општинска поддршка во битката за Супер лига

Иако минатата недела тимот на Младост Богданци објави дека ќе добие многу помала помош од Општина Богданци од потребната за нормално функционирање, таквата одлука беше ревидирана.

Раководството на клубот имаше состанок со градоначалникот и советниците во Општината, по што одлуката за финансиска помош беше променета.

Машкиот тим, како и женскиот клуб ќе добијат поголем износ на финансиска помош од Општина Богданци во 2024 година.

„Ваквата одлука ја поздравуваме имајки во предвид дека се работи за мала општина во која ракометот е спорт број 1, и после ова веруваме дека и голем број бизнисмени ќе подпомогнат и заедно со Општината рамо до рамо и ние како управа и спортски работници, тренери, заедно со нашите играчи со напорна работа ќе се надминеме себе си и ќе дадеме се за на Богданчани и овие млади надежни момци кои се едни од најдобрите во Македонија на крајот од сезоната во јуни ја оствариме целта и заедно да се радуваме на еден од најголемите успеси за овие млади момци“, се вели во соопштението на Младост Богданци.

Сениорската екипа на Младост Богданци обезбеди место во прволигашкиот плеј-оф од првото место во групата и ќе има шанси за влез во елитната конкуренција.