МЛАДИНКИ: Вардар блиску до титулата – Ѓорче Петров верува во „чудо“

Младинките на Вардар се на четири чекори до освојување на тутулата во младинска конкуренција. Иако се пријавени само 8 екипи сезонава, тие досега се непобедливи, имаат биланс 8/8, и се лидери со максимални 24 бода. Во младинска конкуренција тимот на Вардар е составен од ракометарки кои истовремено настапуваат и за сениорскиот тим на Вардар.

Единствениот конкурент кој може да им застане на пат на „црвено-црните“ се Ѓорче Петров кои имаат три бода помалку. Тие треба да бидат домаќини на дербито со Вардар, по кое ќе може да се потврди која екипа ќе ја отвори вратата од просторијата каде е пехарот.

За да може да се надева на титула ѓорчепетровки ќе треба да го победат Вардар победат со 13 гола, бидејќи на нивниот прв меѓусебен дуел, победија вардарки со 36-24.

Во 8. коло викендов Шампион беше поразен од Скопје, 22-45. Претходно победи забележаа и Вардар против Илинден Вардар, 35-17, а Ѓорче Петров дома го победи Шампион со 54-21.

ТАБЕЛА: Вардар 24 бода, Ѓорче Петров 21, Спартак 15, Скопје 15, Илинден Вардар 6, Куманово 5, Шампион без бодови.