Светската ракометна федерација го објави распоредот на натпреварите од Светското првенство за младинци што ќе се игра во Полска, а на кое ќе игра и Македонија.
Избраниците на Раде Стојановиќ се најдоа во групата Ф што ќе се игра во Катовице и ќе се соочат само со европски селекции – Романија, Исланд и Фарски Острови.
Прво и второпласираните во групата продолжуваат во главната рунда, додека третата и четвртата селекција ќе продолжи во Президент Куп.
Првиот меч Македонија го игра против селекцијата што доби вајлд-карта, Фарски Острови со почеток во 14:00 часот.
Потоа на 19 јуни следува дуел во истото време против Романија, па ден пауза, пред да се одигра последната средба со Исланд исто така од 14:00 часот.
Доколку Македонија обезбеди место во главната рунда, ќе вкрсти со групата во која се Франција, Данска, Мароко и Мексико, а и тие натпревари ќе се играат во Катовице.
Распоред на натпревари, група Ф:
18/06, 14:00, Македонија – Фарски Острови
19/06, 14:00, Македонија – Романија
21/06, 14:00, Македонија – Исланд