Машката младинска репрезентација на Македонија од денеска ги стартува подготовките што ќе траат цел месец пред настапот на Европското првенство во Словенија.
Селекторот Раде Стојановиќ и неговиот стручен штаб со Бранко Ангеловски, Ице Соколески и Златко Јанакиевски, ќе работат со ракометарите од денеска во Маврово.
Стојановиќ ќе има на располагање 21 ракометар, а во ростерот го нема еден од најдобрите стрелци, Александар Петковски, кој имаше долга рехабилитација по повредата на рамото.
Македонија е во група со Хрватска, Црна Гора и Австрија на Европското првенство во Словенија, кое почнува на 10 јули.
Скратен списокот – Македонија без еден од најдобрите стрелци на ЕП!