МЛАДИНЦИ: Скопското дерби за Бутел – Цветковски даде 15 гола

Во дербито на колото во младинската лига, иако беше послаборангиран на табелата екипата на Бутел успеа да го изненади градскиот ривал Голден Арт, победувајќиго со 33-30. Петар Цветковски со 15 гола беше најдобриот поединец кај домаќините, кои имаа осцилации во играта.

Бутел водеше на почетокот од средбата и на самиот крај, а средината од мечот беше во корист на Голден Арт. Петар Стојаноски со девет и Андреј Глигоров со 7 постигнати гола го држеа тимот во игра.

РЕЗУЛТАТИ
Пролет – Овче Поле 33-26
Бутел – Голден Арт 33-30
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс 28-40
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 27-24
Тиквеш – Алкалоид 24-30
Вардар – Прилеп 25-29

ТАБЕЛА: Мулти Есенс 48, Младост 37, Пролет 35, Голден Арт 32, Алкалоид 30, Бутел 28, Охрид 23, Овче Поле 18, Прилеп 17, Еурофарм Пелистер 2 15, Тиквеш 11, Еурофарм Пелистер 6, Вардар без бодови