Младинци: Шампионот победнички против Овче Поле, Младост Богданци со полн плен од Бутел

Шампионот Голден Арт триумфираше убедливо против Овче Поле со 45-27. Најефикасни кај Голден Арт беа Кристијан Стаменковиќ и Петар Стојановски со по 10 погодоци, додека кај Овче Поле најефикасен беше Бојан Гичев со 12 погодоци.

Пролет беше убедлив против Еурофарм Пелистер со 45-21. Андреј Ниневски со девет гола беше најдобар кај Пролет, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Владимир Ацковски и Благој Христовски со по седум гола.

Алкалоид имаше сигурно издание на гостувањето кај Охрид со резултат 29-26. Најефикасен кај победникот беше Христијан Ѓурмешевиќ со осум гола, додека кај Охрид најдобар беше младинскиот репрезентативец Никола Ристески со 10 гола.

Младост Богданци ја продолжи победничката серија и против Бутел Скопје, откако славеше со 36-29. Најефикасни кај Младост Богданци беа Душан Каркалашев, Илија Чрчев и Ѓорѓе Ѓуриќ со по седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Марко Стојанов исто така со седум гола.

Лидерот на табелата Мулти Есенс славеше победа против Еурофарм Пелистер 2 со 28-20. Најефикасен кај Мулти Есенс беше Дарин Омерагиќ со 11 погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Марко Димовски со осум гола.

Младинци, 12. коло, резултати:

Голден Арт – Овче Поле 45-27
Пролет – Еурофарм Пелистер 45-21
Бутел Скопје – Младост Богданци 29-36
Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс 20-28
Охрид – Алкалоид 26-29
23/12, 12:00, Вардар – Тиквеш
Прилеп слоб.