Тимот на Безансон, каде што во моментов настапува македонската репрезентативка Ива Младеновска, загуби од Брест Бретањ со 38-23.
Во натпреварот од францускиот шампионат, Младеновска беше меѓу најдобрите против „својот“ тим од каде е позајмена во Безансон.
Македонската репрезентативка успеа да постигне три погодоци, а подобра беше само Вајока која успеа да даде шест гола.
Младеновска и Безансон се на шестото место со 33 бода и во борба за место во Лигата на Европа, а во следното коло ќе играат дома со Ахенхајм.